УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

  1. „Академика“ е компјутерска програма во која се вложени најдобри напори за ажурирање на важечките закони во Република Македонија и сите промени кои влијаеле на нив, така што како производ е создадена база на неофицијални ажурирани верзии на истите закони. Иако веруваме дека сме ги вложиле најдобрите напори и знаења базата да е комплетно ажурирана, сепак таа не може да се користи или да се сфати како збирка на официјални прописи, бидејќи во согласност со законската регулатива официјални прописи се оние објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
  2. Во компјутерската програма се користат начини на прегледување и логички методи на пребарување кои се создадени од агенцијата Академик и наменети исклучиво за користење од страна на корисниците, а не и за нивна незаконска употреба. Во согласност со законите во Република Македонија, оваа компјутерска програма е заштитена со авторско право.
  3. Со една конекција (лозинка) може истовремено да се служи само еден корисник. Забрането е користење со една лозинка во исто време од повеќе лица.
  4. Оваа програма е дизајнирана да даде ажурирана информација за денешната состојба на правните прописи до корисниците, а не е замислена и не претставува програма која на кој било начин дава совет, вклучувајќи и правен совет до корисниците.
  5. Компјутерската програма е дизајнирана да овозможи лесно копирање или преземање на прописите, но најстрого се забранува копираниот или преземен материјал од каква било природа од базата да се користи за комерцијални цели.
  6. При тестирањето на компјутерската програма „Академика“, оптимални резултати при приказот на истата се постигнати користејќи ги пребарувачите Internet Explorer и Mozilla Firefox. Доколу користејќи други пребарувачи не сте задоволни со приказот на правните прописи, ве советуваме да ги употребувате бесплатните IE i Mozilla Firefox.
  7. Академик ги задржува сите права, без претходна најава да ги менува условите за користење на компјутерската програма.

Ве молиме својата одлука за претплата на „Академика“ да ја донесете откако внимателно ќе се запознаете со ова упатство.