ПОТРАГА ПО ПРАВНА ИЗВОНРЕДНОСТ

Потрага по правна извонредност е основното мото на семејството правници кои соработуваат со агенцијата АКАДЕМИК.

Во центарот на нашето внимание е правникот кој прави се што е возможно за заштита на најдобрите интереси на својата компанија, работодавач или клиент.

Ние се однесуваме со особена почит кон правниците кои не претпоставуваат туку истражуваат, бараат законски излез од навидум безизлезните правни ситуации, не ветуваат успех туку вложуваат натчовечки напори во работата која ја вршат.

Како наш допринос кон напорите на правниците кои со нас ја делат истата страст за правото и сакаат да се усовршуваат, надградуваат и да се продлабочуваат во уметноста на практикување на правната професија, Академик ја нуди можноста за запознавање со прописите на Европската унија, прописите во земјите од нашето окружување, прописите од други држави во светот и меѓународни организации, како и дополнителни корисни информации поврзани со важечката регулатива во Република Македонија и нејзината имплементација.

Се надеваме дека следниве ресурси ќе ви бидат од корист и ќе допринесат за успехот на вашата потрага по правна извонредност.

ПРЕДЛОЗИ НА ЗАКОНИ ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СТЕЧАЈНИ ПОСТАПКИ МОДЕЛИ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ДОГОВОРИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ МОДЕЛИ НА ДОКУМЕНТИ ЗА ОСНОВАЊЕ ТРГОВСКО ДРУШТВО ЕВРОПСКА УНИЈА

Пристап до законодавството на ЕУ на 24 официјални јазици на Унијата (Службен весник на ЕУ, ЕУ законодавство: ЕУ договори, директиви, регулативи, одлуки, консолидирано законодавство, нацрт прописи, судска пракса (пресуди, одлуки), меѓународни договори, ЕФТА документи, резимеа на ЕУ легислатива, други документи)

ХРВАТСКА СРБИЈА ЦРНА ГОРА АЛБАНИЈА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА   КОСОВО БУГАРИЈА ДРУГИ ДРЖАВИ И МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ