ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

АКАДЕМИК во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.
  1. АКАДЕМИК доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при регистрирањето.
  2. АКАДЕМИК на ниту еден начин истите податоци нема да ги класифицира, групира или употреби за кои било други цели освен за законска комуникација со самите корисници.
  3. Корисникот при регистрирањето е должен да ги внесе само оние податоци кои се специјално означени во образецот за регистрација. Тие податоци се собираат исклучиво за законска комуникација со корисниците, на пример внесување на законските елементи на фактурата.

АКАДЕМИК ги применува сите стандарди за чување на личните податоци, како и стандарди за бришење на личните податоци во согласност со важечките прописи во Република Македонија.