„Академика“ е електронска збирка на важечки македонски прописи, уредена од правни експерти кои соработуваат со АКАДЕМИК, вашиот омилен издавач на правна литература.

Збирката содржи повеќе од 3000 важечки македонски закони, прикажани во консолидиран текст. Освен консолидираниот текст, корисниците на „Академика“ можат да го видат и основниот текст на законот, секоја негова измена и/или дополнување, исправките, како и одлуките на Уставниот суд, индивидуално и хронолошки подредени. Кон законите се приложени автентичните толкувања и целосните текстови на подзаконските и поединечните акти кои припаѓаат или се донесени врз основа на соодветниот закон. Исто така, со секој закон е поврзана и релевантната судска пракса – одлуките на редовните судови во Македонија донесени врз основа на одреден закон.

Законите се ажурираат дневно од нашите правни експерти во центарот за поддршка, кој е на располагање на корисниците во текот на работното време. Производи на овој центар се и законите на албански јазик, во консолидиран или основен текст, како и повеќе од 200 закони преведени на англиски јазик, исто така во консолидиран или основен текст.

Покрај важечките закони, на „Академика“ можете да ги најдете и нивните претходници - неважечки закони, и тоа како консолидирани текстови или основни текстови, доколку законот не претрпел никакви измени, на македонски јазик, кои се од големо значење за правните практичари и истражувачи од секоја област на правото.

Оваа компјутерска програма е најсовремениот технолошки производ во регионот која овозможува документите да се пребаруваат по назив, година на донесување или број на службеното гласило во кое се издадени, но исто така за корисниците е овозможено брзо и умно пребарување според клучен збор или според класификација на законот, која специјално е подготвена од нашиот тим експерти.

Со едноставна регистрација, „Академика“ им овозможува на корисниците да дојдат до веродостојни и целосни информации преку брз и едноставен пристап до посакуваниот пропис во консолидиран текст, а со лесна навигација и до основните текстови и нивните измени. Со дневното ажурирање на прописите корисниците се професионално, комплетно и точно информирани за важноста на прописите неопходни за нивната работа, заштедувајќи време и значајни финансиски средства за квалитетни правни истражувања.